Апел од ЈП Водовод и канализација: Да не се кршат, руинираат и оштетуваат јавните чешми

Сакаме да упатиме апел до граѓаните да не се кршат, руинираат и оштетуваат јавните чешми на територијата на Градот Скопје.

Секојдневно екипите на ЈП Водовод и канализација – Скопје ги санираат и поправаат јавните чешми, кои се оштетуваат на разни начини од страна на несовесни граѓани.

Последните примери се оштетување на новите јавни чешми со тајмери, од кои по притискање на тајмерот, тече вода одреден период и потоа запира.

Се кршат тајмерите за водата да тече постојано, со што се намалува притисокот на водата на територијата на Градот. Лани беа набавени и поставени 55 вакви нови чешми со тајмери, токму поради зачувување на водата за пиење, а воедно и зголемување на притисокот во водоводната мрежа. Во насока на ова исто така е договорено со ЈП Паркови и зеленило, да ги наводнуваат зелените површини во вечерните часови, а апелираме и истото да го прават и граѓаните, со што во текот на денот би имале нормален притисок на водата во водоводната мрежа.

Постојаното поправање на јавните чешми освен што одзема време за поправка, со што чешмите не се во функција одреден период, исто така се трошат и ресурси и парични средсва, кои може да се искористат за други работи во полза на граѓаните.