Зголемен број автобуси за Задушница

ЈСП Скопје соопшти дека поради верскиот празник Задушница, утре и задутре ќе има дополнителен број автобуси кон Гробишта Бутел.

Во петок (8.03.2024 год.) и во сабота (9.03.2024 год.), зголемен број автобуси ќе има на редовните линии 59 (Карпош 3 - Кучевишка бара - Гробишта Бутел), 59А (Ново Лисиче - Гробишта Бутел) и 59Б (Кисела Вода - Гробишта Бутел).