Забава под маски во Дистрикт бар и ресторан

Halloween не е било кој ден, Halloween е најстрашниот ден во годината. Но,  во Дистрикт, Halloween доаѓа порано и доаѓа заедно со официјалната pre-opening party на Fashion Weekend Skopje (FWSK).

Побогат со сите позитивни искуства од досегашните #Friday50 коктел afterwork забави, и по повод најстрашниот ден од годината Дистрикт ве кани на многу забава под маски.

Дојдете во петок, на 28 октомври, во Дистрикт бар и ресторан, на Halloween и на официјалната FWSK pre-opening party, со почеток во 17:00 часот, и сè до 23:00 часот.  Овој настан е причина да го подготват Scary Cocktail, а DJ Андреј Мицајков ќе ја следи страшната атмосфера со најдобриот музички избор во градот!

И, да не заборавиме – сите треба да дојдат маскирани, првите 50 маскирани гости ќе добијат Distrikt Scary Cocktail, а за двете најкреативни маски ќе бидат наградени со подарок од Дистрикт.