Фото: Отворена терасата на Дистрикт бар и ресторан

По речиси една година од отворањето на Скопје Мериот Хотел, овој петок Дистрикт бар и ресторан официјално ќе ги отвори вратите на својата тераса, а отворањето е слободно за сите љубители на добриот и префинет стил и опуштена атмосфера.

Лоцирана во срцето на градскиот плоштад, распространета на површина од 176 м2 и капацитет од 100 седечки места, терасата на Дистриктбар и ресторан ќе им обезбеди на своите посетители модерна, комфорна и ексклузивна атмосфера за сите нивни приватни или пак проефсионали потреби.Преку софистицираниот дизајн на ентериерот во жолти, бели и сиви комбинации на бои, надополнет со врвната услуга и уникатното мени од главниот готвач Питер Татар, терасата на Дистрикт гарантира единствено искуство од секоја посета.

„Голема чест ни претставува што сега можеме да кажеме дека омилениот Дистрикт бар и ресторан конечно ја доби својата целина. Работевме навистина напорно, но и со голема љубов на нашите посетители да им овозможиме ново и уникатно место каде ќе можат истовремено и да уживаат во добрата хранасо своите пријатели, но и да ги остваруваат своите работни средби“, изјави Јовица Мицевски, генерален менаџер на Дистрикт бар и ресторан.

„Верувам дека успеавме да создадеме навистина пријатната атмосфера во која гостите ќе успеат да се опуштат во било период од денот и ги покануваме сите да се уверат дека Дистрикт ќе биде новиот центар на главните градски случувања“, додаде тој.

Инаку, отворањето на терасата ќе се случува од 17 до 20 часот во рамките на веќепрепознатливиот настан Friday50 кој ресторанот го организира секој петок.Во овој период првите 50 гости кои на барот ќе ја искористат фразата Friday50 добиваат бесплатен коктел, аза одличната забава ќе биде задолжен бендот на Филип Јовановски.