Никогаш досега не ти кажав колку ми значиш. Сакав да ти покажам, но и тоа ми беше тешко, а ти правиш толку многу за мене.
Постојано велат една е мајка. Но, јас многу доцна сфатив дека така. Како постојано да ги земав здраво за готово сите нејзини напори да станам добра личност. Мислев дека тоа е нејзина обврска, дека мора да го прави тоа бидејќи е мајка. Тоа е работата на мајките, да бидат покрај нас, да готват, да ги бришат солзите од нашето лице, да веруваат во нас.
Да, веројатно тоа е нејзина обврска и одговорност. Но, таа никогаш не се пожали на тоа. Денес, нејзините раце се уморни, брзо заборава, нејзиниот од е се потежок, таа е преморена од животот. Понекогаш не го препознава мојот лик. Тоа боли премногу.
Но, сега сфаќам колкава жртва таа направи за мене.
Една е и најдобра е, и можеби еден ден нема да биде дел од мојот живот. Но, сакам да знае. Ниту една жена на овој свет не е посилна од неа, ниту една жена не е сакана повеќе, од мене.
Сакам да знае дека сум благодарна, дека ми значат сите моменти поминати на нејзиниот обид да бидат добра, воспитана и храбра девојка.
Мајко моја, ти благодарам!