Подсвеста не можете да ја излажете: Она што прво ќе го видите на сликата ги открива вашите најголеми стравови и она што ве вознемирува

Што прво забележавте на сликата – тоа всушност открива што навистина ве мачи!

Она што прво ќе го забележиме, ќе ни падне во очи, може да открие многу за нашите навики, желби и очекувања, но и за стравовите кои ги потиснуваме.

Што прво забележавте на сликата погоре? Тоа всушност открива што вас навистина ве мачи.

Јаболко

Црвеното јаболко во многу култури претставува симбол на љубовта и на страста. Доколу вас јаболкото прво ви „падна во очи“, веројатно преживувате длабоки романтични искуства и стравувате дека вашите чувства и емоции нема да бидат возвратени во иста мера.

Можеби е време да си го отворите срцето пред личноста која ви се допаѓа и да ја дознаете вистината, каква и да е таа.

Дете

Децата се олицетворение на едноставноста и искреноста, чистотата на душата и невиноста. Доколу прво го збележавте детето на сликата, тоа зборува дека и понатаму трагате за вашето внатрешно дете кое не се снаоѓа најдобро во светот на возрасните.

Можеби сте и понатаму лути на некој од семејството кој ве повредил некогаш во минатопто, можеби сте несигурни или ви е разнишана самодовербата? Време е да размислите што точно ве мачи и како да се ослободите од тие стравови.

Кловнови

Доколку вниманието пред сѐ останато ви го привлекоа два кловна кои стојат на двете страни на вратата на сликата, тоа открива дека често го менувате расположението и дека водите бурни внатрешни битки.

Ни сами не сте сигурни како ќе реагирате во одделни ситуации, посебно тогаш кога сте на „непознат терен“ и со луѓе на кои не можете да се потпрете. Несигурноста и недовербата се вашите најголеми стравови кои се обидувате да ги сокриете од другите.

Пајак

Веќе со векови пајакот е симбол на смртта и на уништувањето. Ако пајакот беше првата работа што ја забележавте на сликата, веројатно се наоѓате во тешка животна ситуација или во овој момент некое случување го доживувате како непремостлив проблем.

Обидете се да ги подредите работите од дрга перспектива – можеби полесно ќе изнајдете решение за она што ве мачи.

Череп

Сликата содржи оптичка илузија и доколку веднаш го забележавте черепот на неа, тоа зборува дека во овој период не уживате во животот и дека сѐ што се случува го гледате низ мрачна призма. Исто така, можно е панично да се плашите од смртта и често да размислувате за тоа, тагувајќи што не сте го исполниле она што сте го зацртале.

Доколку неодамна изгубивте некоја драга личност која многу ви значела, многу е веројатно дека тука лежи коренот на вашата вознамиреност и црните мисли од кои не можете да се ослободите.