Втор пожар во Скопје за неколку часа - гори во близина на трансформатор

Втор пожар избувна попладнево, овој пат кај парк-шумата „Гази Баба“. Таму интервенираат две противпожарни возила, а запалена е сува трева на поголема површина.

Според информациите од Противпожарната бригада, во близина на пожарот има трафостаница на „Електродистрибуција“, но опасност нема.

Ова е втор пожар во еден ден, откако претходно пожарникарите интервенираа во близина на салата „Борис Трајковски“.