Водата за пиење во Скопје е безбедна, покажуваат добиените резултати од последните испитувања

Водата за пиење во Скопје е безбедна, покажуваат добиените резултати од испитувањата, односно сите примероци одговараат на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење.

ЈП Водовод и канализација – Скопје денеска информира дека Секторот за санитарна контрола во периодот од 25.09.2023 до 29.09.2023 земал 188 примероци за физичко-хемиска и 188 примероци за микробиолошка анализа на вода за пиење од 41 мерни места во Градот Скопје, по што е констатирано дека водата за пиење е безбедна и е со висок квалитет.