Водата во Скопје е безбедна за пиење

Водата во Скопје е безбедна за пиење, покажуваат анализите од примероците за физичко-хемиска и микробиолошка анализа земени од 42 мерни места во градот.

Од Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ информираат дека во периодот од 13 декември до 17 декември се земени 186 примероци за физичко-хемиска и за микробиолошка анализа на вода за пиење.

– Согласно добиените резултати од испитувањата, сите примероци одговараат на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење, се наведува во денешното соопштение на „Водовод и канализација“