Во животот доаѓа време кога човек престанува да трча по други луѓе

Доаѓа време кога престануваш да трчаш по други луѓе и сфаќаш колку време од животот си го фрлил во празно. Си следел некој кој не те ни забележувал, некој кому ништо не си значел, некој кој само си ги бркал своите соништа, а ти си бил тука за пополнување време. 

Доаѓа време кога престануваш да ги молиш луѓето за трошка внимание, време или нешто трето, затоа што сфаќаш колку света работа е достоинството кое го имаш, и дека ништо не може да го замени тоа. 

Доаѓа време кога сфаќаш дека поголемиот дел од она што ти го збореле луѓето се само празни приказни кои не држат вода, затоа што многупати си се уверил дека нивните дела не стоеле зад нивните зборови кои биле некако премногу блескави и идеални. Доаѓа време кога сфаќаш дека времето што го поминуваш со себе, не смее повеќе да биде на последно место, односно го ставаш како приоритет, затоа што од него зависат и сите други врски и сите други работи во твојот живот. 

Доаѓа време кога сфаќаш дека не постои само една личност, работа или искуство кое можеш да го сакаш, туку дека животот секој ден ти нуди безброј можности за секојдневно да се развиваш како личност и да почнеш поинаку да се однесуваш кон сè. Доаѓа време кога сфаќаш дека да се биде нечовек е лесно, но дека неверојатна емотивна и духовна сила е потребна за навистина да бидеш човек. 

Доаѓа време кога почнуваш да бараш оформени односи, затоа што сфаќаш дека безначајните разговори и форсирани пријателства не значат ништо и дека времето поминато на нив е само време фрлено во ветер, затоа што нема ништо од тоа. Доаѓа време кога сфаќаш дека со самопочитта започнуваат и завршуваат сите работи, и твојот однос кон себе и твојот однос кон другите и почнуваш повеќе да вложуваш во личниот развој, а внатрешниот мир почнуваш да го цениш најмногу на свет. 

~ Марио Жувела