Во моментот кога ќе сфатите…

 

Во сечиј живот доаѓаат моменти кога сфаќаме одредени работи кои носат животни поуки и го прават животот полесен и посреќен. Еве дел од моментите на Шенон Адлер.

1. Моментот кога ќе сфатите дека личноста за која се грижите нема што да ви понуди интелектуално или духовно, само главоболка.

2. Моментот кога ќе сфатите дека Бог имал поголеми планови за вас кои не вклучуваат ноќно плачење или тажни цитати на Фејсбук.

3. Моментот кога ќе престанете да се споредувате со другите затоа што тоа ја поткопува вашата вредност, образование и мудроста на вашите родители.

4. Моментот кога ги живеете вашите соништа, не затоа што тоа ќе докаже нешто или ќе извлечете нешто од тоа, туку затоа што тоа е сè што сакате да направите. Што мислат другите е неважно.

5. Моментот кога ќе сфатите дека никој не ви е непријател освен вие самите.

6. Моментот кога ќе сфатите дека можете да имате се’ што сакате во животот. Сепак, потребно е време, вистинско срце, вистинска акција, вистинска страст и подготвеност да се ризикува. Ако го немате, тоа е затоа што немавте доволно силна желба, не ви требаше или Бог ве спречи.

7. Моментот кога ќе сфатите дека духот на вашите предци стоел помеѓу вас и личноста што ја сакавте. Тие навистина не сакаат да ја девалвирате семејната линија со некој што не се однесува чесно.

8. Моментот кога ќе сфатите дека среќата никогаш немала врска со добивање на личност. Тие се само придружници во остварувањето на вашата животна мисија.

9. Моментот кога верувате дека љубовта нема врска со губење или победа. Тоа се само неколку моменти во времето, проследени со вечност од ситуации во кои растете.

10. Моментот кога ќе сфатите дека отсекогаш сте биле вистинската личност. Само неуките отстапуваат од своето величество.

- Шенон Л. Алдер