Во ист ден починаа негователот Ристе и последната жирафа од скопската Зоолошка

Откако вчера во јавноста беше објавена тажната вест дека починал Ристе Трајковски, негувател во скопската Зоолошка градина, неколку часа подоцна, угинала и последната жирафа Флопи.

- Обдукцијата е во тек, не може официјално да се излезе со информации, велат вработени во ЗОО Скопје.

Сега во градината нема ниту една жирафа. Во мај годинава угина Каспер, а во јануари 2021 година Тобого.

Зоо-негувателот Ристе Трајковски беше познат по љубовта и негата што им ги посветуваше токму на жирафите во оваа зоолошка градина.

Се очекува официјално соопштение од зоолошката, по повод последните настани.