Угина жирафата Каспер во скопската Зоолошка градина

Скопската Зоолошка градина соопшти дека утрово угинала жирафата Каспер.

-Јавно ќе биде соопштено што е причината за смртта, откако ќе ги добиеме официјалните резултати од обдукцијата која беше извршена утрово од страна на Ветеринарниот факултет, информираат од Зоолошката градина.

Животното неколку месеци не било во добра состојба, а ова е втора жирафа која умре во скопската Зоолошка градина, откако претходната умре во 2014 година.

Жирафата Каспер имаше 12 години, а во Скопје ЗОО беше жител од 2012 година.