Внимавајте каде се движите: Опасност за граѓаните на мостот „Око“ (Фото)

Директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК), Стојанче Ангелов кажа дека се појавиле пукнатини на стаклото по кое се поминува на мостот „Око“ во центарот на Скопје.

- Мостот е стабилен, но стаклата се напукнати. Откако го констатиравме тоа, го известивме Град Скопје, а претставници од таму тврдат дека стаклата се безбедни. Ни рекоа дека работат на нивна замена. Не е лошо граѓаните да не газат по пукнатините, вели Ангелов.