Влијанието кое домашните миленичиња го имаат на нашето расположение...

За повеќето сопственици на домашни миленичиња, очигледна и јасна е директната радост која произлегува од чувањето домашно милениче. Меѓутоа, многумина од нас се несвесни и за поволностите за физичкото и психичкото здравје кои доаѓаат со дружењето со нашите миленичиња. Најразлични истражувања сѐ повеќе ги докажуваат поволностите од чување миленичиња.

Куќните миленичиња се развиле на начин што станале почувствителни кон луѓето, нашето однесување и емоциите. На пример, кучињата како лабрадор, можат да разберат голем дел од зборовите кои ги користиме, но уште подобро ги толкуваат тонот на нашиот глас, говорот на телото и гестовите. И како секој добар пријател, лојалното куче ќе ве гледа во очи за да го процени вашата емоционална состојба и ќе се обидат да разберат што мислите и чувствувате.

Куќните миленичиња, а особено кучињата и мачките, можат да го намалат стресот, анксиозноста и депресијата, да ја олеснат осаменоста, да ве поттикнат на вежбање и разиграност и да го подобрат вашето кардиоваскуларно здравје. Грижата за животните може да им помогне на децата да растат во посигурна и поактивна средина, па со тоа и тие да станат такви. Куќните миленичиња се и многу вредно друштво на постарите луѓе. Можеби и најважно од сѐ, кучето или мачето можат да внесат вистинска радост и безусловна љубов во вашиот живот.

Истражувањата откриле дека:

  • Сопствениците на домашните миленичиња поретко патат од депресија за разлика од оние кои не чуваат милениче.
  • Луѓето со домашни миленичиња имаат понизок крвен притисок во стресни ситуации во споредба со оние кои немаат.
  • Играње со куче или мачка може да го зголеми нивото на серотонин и допамин, кои смируваат и опуштаат.
  • Сопствениците на миленичиња имаат пониско ниво на триглицериди и холестерол.
  • Сопствениците на миленичиња над 65 години за 30% поретко посетуваат лекар.
  • Дури и гледање во рибите во аквариум може да ја намали напнатоста и да се смири пулсот.

Една од причината за овие поволности е тоа што домашните миленичиња ја исполнуваат основната човечка потреба и копнеж по допир. Дури и криминалци во затвор покажуваат долгорочни промени во однесувањето откако ќе стапат во контакт со домашни миленичиња, а многу од нив рекле дека за првпат доживеале обострана љубов. Галење, прегратка или било каков  допир може да ве смири кога сте под стрес или кога ви е тешко.