Владата ќе ѝ даде 6 милиони евра на Арсовска за изградба на „Качанички пат“

Владата на Република Македонија ќе му даде финансиска поддршка на Град Скопје за изградба на „Качанички пат“, информира првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби.

Груби преку неговиот профил на Фејсбук објави дека Владата веќе доделила три милиони евра, од вкупната вредност од шест милиони евра.

- Во разговор со градоначалничката Данела Арсовска, која е надлежна за реализација на проектот, ги почнавме последните административни подготовки во Владата и Министерството за транспорт за да почне и заврши оваа важна сообраќајна артерија на градот, објави Груби.