Отфрлена идејата да се отстапи реконструкцијата на Универзална сала на Владата

Советот на град Скопје ја отфрли иницијативата за Градот Скопје да го отстапи проектот за реконструкција на Универзална сала на Владата на Република Македонија.

За идејата гласаа само 15 советници, четири беа воздржани, а шест беа против идејата Владата да продолжи со реконструкција на салата.

Оваа точка не беше изгласана бидеќи мнозинството советници, иако беа присутни во салата, решија да не гласаат.