Витлеем: Тага, страв и тишина во божјиот град во екот на празниците

Витлеем  ни е познат како градот каде е роден Исус Христос.

Photo by Leon Wu on Unsplash

Овој град се наоѓа на 10 км од Ерусалим, а во него исто така е роден и Давид, вториот цар на Израел. До неодамна, овој град беше едно од најпосетените места. 

На еврејски, Витлеем значи  „куќа на лебот”, а на арапски, тој значи „куќа на месото”. 

По шестдневната војна во 1967 година, овој град стана дел од Западниот брег под израелска управа, а претходно од 1955 се наоѓал под палестинската управа.

Според евангелието на Матеј, три мудреци од Истокот посакале да му се поклонат на Исус. Тие прво дошле во Ерусалим и го прашале кралот Ирод како можат да го најдат бебето, новиот крал на Евреите. За време на ова патување, биле следени од една сјајна ѕвезда која традиционално станала позната како Витлеемска или Божиќна звезда.

Photo by Jorge Fernández Salas on Unsplash

Денес, црквата во која е роден Исус се простира на 12.000 квадратни метри. Но, таа доживеала голема трансформација низ годините. Нејзиниот главен влез е познат како „ Врата на понизноста”. 

Вообичаено, за време на Божиќните празници, во Витлеем доаѓаат верници од целиот свет. Тука, Божиќ трае подолго од останатите делови од светот. Но, оваа година, атмосферата е сосема поинаква поради војната во Палестина. Поради стравот за својата безбедност, многу семејства, ресторани, хотели и сувенирници се затворени и празни. Жителите на овој град ги следат вестите, обидувајќи се тоа да не го прават пред своите деца, кои исто така се исплашени. Оваа година, Божиќ нема да се слави на истиот начин, а децата го знаат тоа. Тие велат дека трошат само на основните работи, се надеваат на најдоброто, но и го очекуваат најлошото. 

Емотивно, ситуацијата е стресна за сите, без оглед на религијата. На децата не може да им се објасни што точно се случува и зошто движењето е ограничено поради војната, но и возрасните се исплашени и живеат во несигурност.

Погодени се на различни начини, психолошки поради самиот страв, но и економски бидејќи тешко можат да стигнат на своите работни места поради контролните пунктови. Оние кои претходно воделе успешни бизниси кои биле посетени од туристите, годинава се молат само за мир, ништо повеќе.