Викторија Лоба, ДНК, Марјан Коцев и Анета „Молика“ вечерва ќе ги забавуваат скопјани

Плоштадот Македонија прерасна во најубавото место во празничните денови, исполнето со многу дечиња, но и возрасни кои уживаат во програмата за сите генерации. Така беше и вчеравечер, кога најмладите се забавуваа со најубавите песнички од Златно славејчеи одлична забава со Полина Тасева и група Мјузаик кои направија одлична атмосфера, велат од Град Скопје. 

За вечерва повторно е најавена забава со најдобрите македонски изведувачи. 

Викторија Лоба, ДНК, Марјан Коцев и Анета „Молика“ вечерва ќе ги забавуваат скопјани во строгиот центар! 

Забавата продолжува се до Божиќ.