Град Скопје утре ќе го одбележи Меѓународниот ден на младите

По повод одбележување на Меѓународниот ден на младите 12.08, Град Скопје во соработка со МКЦ и Универзална сала, утре организираат бесплатен културно забавен настан на отворено во првиот дел од Градскиот парк.

Програмата започнува во 20:30 часот со проекција на филмот „Сестри“ од режисерката Дина Дума, а потоа следува музичка забава за младите со настап на DJ Marigo во 22 часот и настап на Zoki Bejbe vo 23:30 часот.

Град Скопје ги поканува граѓаните на утрешниот културно забавен настан во Градскиот парк, каде што посетителите ќе имаат можност да уживаат во културната и музичката програма и да поминат пријатни летни мигови.

- Град Скопје посветено работи на подобрување на условите за живот на младите. Значајно е да се нагласи дека минатата година на овој ден се потпиша решението за формирање Собранието на млади на Град Скопје, кое се основаше за првпат во Градот Скопје со цел зголемување на учеството на младите лица во носењето на одлуките од нивен интерес на локално ниво, велат од Град Скопје.