Видео: Верижен судар во Скопје направи хаос во сообраќајот

Скршени предници на коли, смачкани врати, отворени воздушни перничиња, но и полесно повредени момче и девојка, ваква е сликата од денешниот карамбл што се случи на улицата Скупи во Скопје.

Момчето и девојката се пренесени на скопските клиники, но очевидци велат дека нивните повреди не биле тешки. Во верижната сообраќајна несреќа настрадаа пет возила. Најоштетени се последните две. Учесниците во сообраќајката велат дека се се случило поради неприлагодената брзина на возење. Возилата во судирот се со скопски и тетовски регистарски таблици. Екипите на МВР истражуваат, кои се причините за настанување на несреќата.