Верижна сообраќајка во Ѓорче - блокиран сообраќајот

Верижна сообраќајка што утрово се случила во скопската населба Ѓорче Петров беше причина за застој на сообраќајот во овој дел од градот, пренесува Телеграф.

Во сообраќајката учествувале четири автомобили, а според очевидци, до несреќата дошло кога првото возило од колоната нагло закочило пред обележаниот пешачки премин.
Засега нема информации за повредени лица, а од фотографиите очигледно е дека е предизвикана материјална штета.