Верижен судир кај Мавровка

Три возила се судриле утринава кај подвозникот на булеварот „Гоце Делчев“ во близина на ТЦ Мавровка.

Од полицијата за Курир информираат дека во несреќата учествувале автомобили „Опел“, „Голф“ со скопски регистерски ознаки и „Пежо“ со велешки таблички.

Засега нема информации за евентуални повредени лица, а повеќе детали ќе бидат познати по завршување на полицискиот увид.