Детали за сообраќајката кај Мавровка, четворица на Ургентен

Во верижниот судир кој се случи утрово кај Трговскиот Центар Мавровка во Скопје, повредени се четири лица.

Утрово во 7 часот и 45 минути, кај подвозникот што се гради кај трговскиот центар „Мавровка“, се судриле три возила, при што четири лица, од кои возач и тројца сопатници, биле итно однесени со Брза помош на Ургентен.

Повеќе детали за карактерот на повредите се најавени за подоцна.

cheap nike air max 90