Видео: Вака ќе изгледа новиот мост во Скопје

Градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов, на својот Фејсбук профил сподели проект видео од новиот мост во Скопје кој ќе ги спојува Карпош 3 и 4 по ул. Љубљанска (покрај Сити мол) со Злокуќани и Бардовци на ул. Скупи.

Завршено е проектирањето на новиот мост во Скопје. Постапката за избор на изведувач, ја започнуваме до крајот на јули.
Еве како изгледа новиот мост во Скопје !

Скопје, една поинаква приказна, напиша тој на својот профил.