Утре во Скопје ќе се прска против комарци

Во четврток, сабота и понеделник ќе се прска против комарци на територијата на град Скопје. 

Со јавно известувањето Град Скопје ги информира граѓаните дека на 14.07.2022 година (четврток) ќе се реализира авионска и терестрична дезинсекција против ларви од комарци. Исто така, на 16.07.2022 (сабота) година ќе започне авионска дезинсекција против возрасни форми на комарци, додека на 18.07.2022 (понеделник) година ќе започне терестрична дезинсекција против возрасни форми на комарци.

Прскањето ќе се врши според следниот распоред:

1. Авионската и терестричната дезинсекција против ларви од комарци, на подрачјето на градот Скопје ќе се реализираат на 14.07.2022 (четврток), во раните утрински часови (авионски) и во текот на денот (терестрично).

2. Авионската дезинсекција на подрачјето на градот Скопје, против возрасни форми на комарци, ќе се одвива на 16.07.2022 (сабота) и 17.07.2022 (недела), во раните утрински часови.

3. Терестричната дезинсекција на подрачјето на градот Скопје, против возрасни форми на комарци ќе се одвива од 18.07.2022 (понеделник) до 21.07.2022 (четврток), во период од 22 до 03 часот, наредниот ден.

Доколку временските услови не дозволуваат да се прска дезинсекција ќе се изврши првиот нареден ден кога ќе бидат поволни временските услови, во истиот термин.

Со известувањето од Град Скопје побараа пчеларите навреме да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите.