Урбан комплекс со ниски згради и зеленило: Како ќе изгледа просторот кај „Треска“? (Видео)

Нов урбан комплекс со ниски згради и зеленило ќе никне на местото на поранешната фабрика „Треска“.

На локацијата се очекува градба на ниски станбени згради кои ќе имаат висококвалитетна архитектура, уредено зеленило, модерна урбана опрема и спортски игралишта.

Меѓу станбените блокови е испланирано и сообраќајно решение со плански подземен паркинг, пешачки патеки и тротоари.

Тоа ќе биде надополнето со ниско грмушесто и високо стеблесто зеленило ќе го разубави ликот пред самите станбени единици и ќе обезбеди пријатно домување и уживање во секојдневјето.

Новиот совреме простор ќе значи и заминување на некогашната депонија и урнатини од распаднатите бараки на „Треска“.