Тони досега живееше во пластичен јавен тоалет во Скопје - потребна му е помош за да ја преживее зимата!

На социјалните мрежи се споделува апел за помош на Тони кој нема свој дом па до сега спиел во еден од пластичните тоалети кои се поставени како јавни тоалети низ Скопје. Тој бара помош за да може да ја помине оваа студена зима, затоа што нема каде да оди и да се засолни. Апелот го пренесуваме во целост во продолжение:

- СПОДЕЛУВАЈТЕ - Дека сме ,,големи,, православни верници сега е постот Божиќен,па освен што имаме сите убави зборови беседи луѓето и свештениците ! Еве денес го сретнав Тони човек кој е бездомник,човек кој беше периоди сместен кај Пресвета Богородица во напуштените простории после тоа што се случи не знам и го тргнаа ! Летово Тони живееше кај железничката до бензинската на Мак Петрол и тоа во тоалет од оние палстичните ! И ете денес го гледам и му се обратив човекот со солзи во очите ми вика помагајте брате зимово сум на улица немам кај да спијам ќе умрам од студ пренеси на сите добри луѓе ако има можност некаде да бидам згрижен додека е зимото! Искрено му реков ќе се потрудам ќе објавам по социјалните мрежи па се надевам ќе се најдат добри луѓе кои ќе сакаат да ти пружат помош.

Ми спомна утре дека од 10,11 часот ќе биде спроти Железничка кај Црквата посветена на трите светии. Тоа е локација кај што е меѓуградската автобуска станица во Скопје.

Ајде сите сплотено како што постојано гледаме како само кучиња и мачиња се згрижуваат и им се пружа помош,сега да му се помогне на човекот зошто бесконечна е вредноста на човечкиот живот. Дајте предлог или пријавете се,барем знам на профилов имам доста пријатели кои се имотно моќни со бизниси па за овој човек да се згрижи и да му се покрие киријата за зимоска, стои на објавата на Фејсбук.