Порано директори, денеска бездомници (видео)

Втора шанса во животот но и работа за да може да си ги покрие сите егзистенцијални потреби ова е животната желба на 60 годишниот Спасовски Ванчо.

Од човек кој во минатото имал пристоен живот и семејство сега Ванчо е бездомник кој бара работа. Вели своевремено бил вреден работник, напредувал бил дури и  директор на мала фирма, но судбината се поиграла со него и сега е препуштен сам на себе и на помошта која ја добива од социјалниот центар Дуња во Скопје и пунктовите за бездомници, пренесува 24 вести.

 „Работев и во рудник, и како молер, тапетар, тесар. Да знае човек дека ќе дојде до ова, не би правел грешки, таква е судбината, имав жена и две деца, јас се повлеков и еве. На времето работев и во антикварница, имав заработувачка и стан“ - вели Ванчо Спасовски.

 Слична судбина како Ванчо делат голем број на граѓани кои се незгрижени и го посетуваат овој центар, на овие минусни температури велат активистите. Сепак меѓу нив има и такви на кои им е неопходна и медицинска и институционална помош . Апелираат на разбирање од страна на институциите.

 „Привремено се засолнети луѓе кои немаат покрив над главата и накои им е потребна медицинска помош и подолготрајно решение. Моментално сме во комуникација со организации кои се занимаваат со оваа тематика, за да им обезбедиме решение на овие луѓе“ - вели Климентина Ристовска од Социјален центар за бездомници Дуња.

 Само во изминатиов период на минусните температури беа регистрирани 2 смртни случаи на бездомници. И покрај постоењето на центри но и помошта која ја добиваат овие лица од невладините се чини нивните проблеми остануваат институционално заглавени.