Починатиот бездомник одбил згрижување во прифатниот центар

Град Скопје излезе со соопштение во кое изрази жалење за смртт на лицето Ј.Т., бездомникот кој почина поради студ во Општина Аеродром. 

Понатаму, од Град Скопје велат дека, според нивната евиденција, лицето Ј.Т. не било корисник на социјалните услуги кои Град Скопје ги нуди во соработка со Црвениот Крст. Според предвиденото, екипите на Црвениот крст, почнувајќи од 30ти декември, редовно ги посетуваат локациите на кои според нивните сознанија се движат бездомните лица. Бездомниците биле повикувани со возило да бидат пренесени во пунктот во Момин Поток. 

Во рамки на бројните активности кои се превземаат по пристугнувањето на студениот бран во Република Македонија и регионот е и обезбедувањето на престој на бездомните лица. Во рамки на овие активност, Градот Скопје ја финансира работата на Црвениот Крст преку пунктот за бездомни лица во Момин Поток, кој од 30 декември до завршувањето на студениот бран работи 24 часа. Покрај овој пункт, на територијата на Скопје, министерството за труд и социјална политика и Црвениот крст, согласно насоките на Управувачкиот комитет за координација и управување во системот за управување со кризи имаат отворено и други вакви слични пунктови за вдомување бездомни лица.

Не се познати причините од кои голем дел од бездомните лица одбиваат да бидат пренесени во пункотвите за згрижување и да ги користат нивните услуги. На температури како оние кои го зафатија Скопје изминатиот период, едноставно е невозможно да се преживее на отворено, без соодветна гардероба и услови за живот.