Субвенции за занаетчиите: Град Скопје со 10.000 денари ќе ги поттикнува старите занаети

Градот Скопје го објави јавниот повик за субвенционирање на стари занаети и занаетчиски дејности во изумирање во градот.

- Со цел поттикнување на развојот на традиционалните занаети преку субвенционирањето на стари занаети и занаетчиски дејности во изумирање на територија на градот Скопје, преку Програмата на активностите од областа на локалниот економски развој на подрачјето на Град Скопје за 2023 година во Буџетот на Град Скопје предвидени се средства во висина од 1.000.000,00 денари. Паричната субвенција изнесува 10.000 денари по апликант, соопштија од Град Скопје.

За потребни документи за пријавување, како и за субвенционирањето на трошоците повеќе детали се објавени во јавниот повик како и на линкот https://skopje.gov.mk/.../javen-povik-za-subvencii-za... , а информации може да се добијат и во Секторот за локален економски развој, на телефон (02) 3297-284 или на e-маил адресата Biljana.Stojmanovska@skopje.gov.mk .

- Барањето за субвенционирање на стари занаети и занаетчиски дејности во изумирање во градот Скопје со комплетна документација треба да се достави во затворен плик на адреса: Град Скопје, Сектор за локален економски развој, бул. “Илинден“ бр.82, 1000 Скопје (со назнака – Пријава за јавен повик за субвенционирање на стари занаети и занаетчиски дејности во изумирање во градот Скопје), најдоцна до 01.12.2023 година, информираат од градот.