Земјотрес почувствуван во Скопје - скопјани велат ги разбудил од сон

Земјотрес со јачина од 1,9 степени по Рихтер е регистриран ноќеска во 01:39 часот во Скопје. Епицентарот на земјотресот потекнува од Скопското епицентрално подрачје. 

Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје утринава информира дека земјотресот бил со интензитет од три степени според Европската макросеизмичка скала и дека е почуствуван од населението во Скопје и околината. 

Граѓаните на социјалните мрежи коментираат дека земјотресот бил краток, но силен и ги разбудил од сон - се почувствувал во главниот град.