Град Скопје: Антикорупциска се занимава со тривијалности и политички агенди

Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) вчера најави дека против градоначалничката Данела Арсовска ќе биде поднесена кривична пријава бидејќи спротивно на законот ги именувала в.д. директорите на Младинскиот културен центар (МКЦ) и на Зоолошката градина Скопје.

Од Град Скопје реагираат на најавите од ДКСК и жалат што за ова дознале од медиумите.

- Жалиме што Државната комисија за спречување на корупција наместо да се занимава со она што е нивна надлежност и да констатира корупција, тие се занимаваат со тривијалности и исполнување на политички агенди. Секако, за барање на корупција онаму каде што навистина постои сомнеж треба и храброст. Одлика, која за жал не ги краси членовите на Антикорупциската комисија. Добро е сепак што ДКСК поднеле кривична пријава за која воопшто Град Скопје не е известен, а дознаваме од медиумите, за еднаш да се расчисти маглата која ја сеат разни политиканти, се вели во соопштението од Град Скопје.