Стефковски: Се асфалтира улицата Модест Мусоргски во Триангла

Градоначалникот на општина Гази Баба, Бобан Стефковски објави дека се асфалтира улицата Модест Мусоргски во населбата Тригангла. За овој проект според градоначалникот се издвоени 4 милиони денари од буџетот на општина Гази Баба

- “Со реализација на проектот се изградија пешачки патеки од двете страни на улицата и се изврши гребење и асфалтирање на целиот коловоз во должина од 410 метри. Во периодот пред нас, ЈКП Гази Баба ќе изврши хортикултурно уредување на делови покрај улицата. Ова е уште еден реализиран проект со кој се подобрува патната инфраструктура во општина Гази Баба“ напиша Стефковски