ПОЦ: Претпријатието не го регулира паркирањето кај „Пролет“ и таблата не е поставена од наша страна

Во близина на полициската станица „Пролет“ од пред неколку денови поставена е табла на кој стои дека паркингот се наплаќа 60 денари од час, на таблата стои и логото на општинското претпријатие „Паркинзи на Општина Центар“. 

По реакциите на граѓаните, Скопје Инфо побара став од општинското претпријатие од каде велат дека тие не стопанисуваат со конкретната локација и дека таблата не е поставена од нивна страна.

„ЈП Паркинзи на Општина Центар ве информира дека на наведената локација не е воведено зонско паркирање и нема одлука за воведување. Претпријатието ниту денес ниту во изминатиот наведен период не постапува, односно вработените контролори на ЈП ПОЦ не го регулираат паркињето на наведената локација. Таблата на сликата не е поставена од страна на ЈП ПОЦ, а и дизајнот на истата не соодветствува со сегашниот дизајн на таблите на претпријатието, кој се користи веќе неколку години“, се вели во одговорот од ПОЦ.

Од таму додаваат дека ќе ја разгледаат можноста за пријава и правно постапување против сторителот.