Стефковски: Гази Баба со директна финансиска поддршка за ФК Вардар

Во објава на својата официјална страна на фејсбук, градоначалникот на општина Гази Баба Бобан Стефковски инфомира дека Советот на општина Гази Баба на денешната редовна седница на негов предлог донел одлука за доделување на финансиска поддршка за ФК Вардар.

Во објавата градоначалникот Стефковски напиша:

- ФИНАНСИСКА ПОДДРШКА ЗА ФК ВАРДАР ОД ОПШТИНА ГАЗИ БАБА. Македонскиот бренд, фудбалскиот клуб Вардар добива директна финансиска поддршка од општина Гази Баба. Со задоволство сакам да објавам во јавноста дека на денешната редовна седница Советот на општина Гази Баба го прифати мојот предлог и одобри финансиска поддршка за функционирањето на ФК Вардар во висина од 250.000 денари. Вардар е срцето на Македонија! Вардар ја заслужува нашата поддршка! – напиша Стефковски.