Стефковски: Автокоманда доби ново детско катче со најсовремени реквизити за забава

Во објава на својата официјална страна на фејсбук, градоначалникот на општина Гази Баба информира дека е завршена изградбата на ново детско катче во Автокоманда кое е изградено на тартан подлога со најсовремени реквизити за детска забава.

Во објавата градоначалникот Стефковски напиша: АВТОКОМАНДА ДОБИ НОВО ДЕТСКО КАТЧЕ НА ТАРТАН ПОДЛОГА СО НАЈСОВРЕМЕНИ РЕКВИЗИТИ ЗА ДЕТСКА ЗАБАВА.

- Заврши изградбата на ново детско катче веднаш до плоштадот во Автокоманда. Детското катче е изградено на тартан подлога и на истото се поставени најсовремени реквизити за детска забава. Со изградбата на ова детско катче жителите на Автокоманда добија уште еден урбан простор за рекреација со своите најмили. Креираме можности за среќно детство на најмладите жители на нашата Гази Баба. Како локална самоуправа продолжуваме со изградба на нови детски забавни катчиња и во останатите населени места. Изминатиот период е извршена реконструкција и рехабилитација на голем број детски катчиња на целата територија на општината. Со срце за нашата Гази Баба! – напиша Стефковски.