Анализа за општина Центар: Некаде се вложиле над 4 милиони евра, некои реони се целосно запоставени

Од граѓанската иницијатива „Шанса за Центар“ од каде имаат и советници во Советот на општина Центар анализираа каде и во што се вложува и се вложувало во Општина Центар во последните 11 години. 

Велат, партиите ветуваат сѐ и сешто на изборите, но ретко кој дава увид во нивните анализи за тоа како се одлучиле да го ветат баш тоа во програмите.

- Потреба за инфраструктура како квалитетни улици, безбедни тротоари, одржувани патеки, добра канализациска и водоводна мрежа и осветлување постои подеднакво насекаде. Но, анализата покажува дека она што не постои е рамномерна застапеност на инфраструктурните зафати, велат од „Шанса за Центар“ и потенцираат дека има реони каде во последните 10 години се вложиле и над 4 милиони евра, а други кои се скоро целосно запоставени.

- Сега се реконструира оштетениот тротоар на ул. Народен Фронт во Капиштец, но уште не можеме да ја дознаеме точната сума и изведувачот на зафатот, нотираат од граѓанската иницијатива. 

Оттаму споделија и мапа на инфраструктурни зафати во Центар во која ги регистрирале сите достапни информации за периодот од 2012 година наваму.