Сообраќајка кај Дреново, повреденото лице извлечено со помош на пожарникари

Повредено е едно лице во сообраќајка што утрово се случи кај кавадаречкото село Дреново. Возилото излетало од патот и се превртело. Повредениот е извлечен со помош на пожарникари и со возило на брза помош транспортирано кон кавадаречката болница. 

„Во моментов се врши утврдување на повреди, потврди за МИА“, доктор Ратко Грков, началник на кавадаречката Итна медицинска помош.  

Екипа на итната медицинска помош Кавадарци беше на лице место, а увид врши и полициска екипа. Од СВР Велес рекоа дека ќе следуваат повеќе детали во текот на денот. Оттаму појаснија дека сообраќајката е на локалниот пат од селото кон регионалниот пат за градот  Кавадарци.

„Веднаш по појавата за сообраќајка, заминавме на терен петмина пожарникари со две возила, возило за техничка интервенција и комбе за прва помош“ појаснија за МИА од Територијалната противпожарна единица од Кавадарци.