Тешко повредена малолетничка во сообраќајна несреќа помеѓу електричен тротинет и автомобил

Нова сообраќајна несреќа во која бил вклучен електричен тротинет се случила вчера во Кисела Вода каде тротинетот управуван од малолетничка се судрил со патничко возило. Малолетничката се здобила со тешки телесни повреди при што била пренесена во болница.

„На 12.04.2024 вo 16.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосница од ул.„Доситеј Обрадовиќ“ со ул.„Киро Крстевски“ и со ул.„Боте Боцевски“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу електричен тротинет управуван од малолетничка од Скопје и патничко возило „опел“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Б.Ц.(39) од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила малолетничката, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ Скопје. Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Скопје“.