Исчезна малолетничка од Петровец, братот се сомнева дека избегала кај момчето

 

Малолетничка се оддалечила од домот во Петровец, а нејзиниот брат се сомнева дека таа е кај момчето во Драчево. 

- На 25.04.2024 во 18.30 часот во Полициското одделение Петровец Ф.М.(24) од општина Петровец пријавил дека од домот се оддалечила неговата малолетна сестра С.М.(16), за која се сомневал дека се наоѓала во Драчево кај нејзиното момче Ќ.Н., информираа од полицијата. 

Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.