Две лица се повредени во сообраќајката кај Визбегово

Две лица се повредени во сообраќајната несреќа што претпладнево се случи во скопско Визбегово. 

Според информациите од МВР, во несреќата учествувале три возила, а повреднеи се две лица кои се пренесени на болничко лекување. Засега не се знае карактерот на повредите. 

Сообраќајката се случила во 11:10 часот, во близина на бензинската пумпа Еуро-Актива, на Јадранска магистрала, кај скопско Визбегово. 

Полицијата извршила увид.