Со звуците на саксофон падна првото запросување пред елката на плоштад

 

Елката на плоштад која од јавноста и медиумите беше ословена како “тажна“ на овој пар му донесе среќа. Вчера случајните минувачи беа сведоци на првото запросување токму пред елката.

Во прилично романтична атмосфера момче клекнато на колена ја побара својата девојка за негова сопруга а тоа беше придружено со звуци на саксофон.