Со украсни садници се разубавува зеленилото на „Партизанска“

Од ЈП Паркови и зеленило информираат дека се раззеленува просторот на „Партизанска“. 

-Со украсни садници од видот „туја“ го уредуваме средишното зеленило на булевар Партизански одреди во населба Карпош 3, информираа надлежните. 

Претходните денови теренските екипи започнаа со косење на зеленилото на повеќе локации низ булеварите и парковите во целото градско подрачје.