Од синоќа се врши ноќно полевање на зеленилото во Скопје

Јавното претпријатие Паркови и зеленило синоќа вршеше ноќно полевање на зеленилото во градот. 

- Исклучително високите температури клучно влијаат врз сите активности кои екипите секојдневно ги превземаат во редовното одржување на зелените површини. Според тоа, од вчера 22:00ч. до 6:00ч. утрово теренските екипи во сите реони низ градското зеленило започнаа со ноќно полевање на зелените површини низ градот, велат од претпријатието. 

Оваа активност ќе се спроведува и во наредниот период, согласно предвидениот план за работа, најавија надлежните.