Ќе „отиде ли“ зеленилото на булеварите, ќе се поврзе ли и Гази Баба со БРТ - јавноста со бурни реакции за најавеното автобуско метро

Скопје конечно ќе добие нов транспортен систем. Ова минатата недела го соопшти Град Скопје од каде, како што велат, ги отстраниле пречките за Системот за Брз автобуски превоз .  

Од Ѓорче Петров до Ново Лисиче ќе се стига за 35 минути, а новите автобуси ќе имаат зголемен капацитет на седишта.  

Проектот за БРТ системот го започна претходната градска администрација на чело со Петре Шилегов.

Истиот е вреден 70 милиони евра, а е поддржан од Европската банка за обнова и развој од каде беше добиен и кредит, но по доаѓањето на Данела Арсовска на чело на Град Скопје проектот беше стопиран.

Скопјани со бурни реакции на тема „јавен превоз! Еве дел од нивните поенти: 

- После 2 години плаќање народни пари како пенали за неискористување на заемот од ЕБОР, најдобрата менаџерка сфати дека проектот на Шилегов е одлично решение за Скопје. Изгубени 2 години на болна суета и неспособност.

- Оваа линијата што ќе поминува сред Рекорд, брзина на светлината ќе развива!

- Алооо ќе лебдат ли автобусите, саат време патувам Mавровка-раскрсница до УЈП. Не се поминува на раскрсница кај Зелено пазарче. 

- Кој ќе ви вози? И повторно „Ќе, ќе...“

- Прецизни рокови на изведба ќе има проектов или ќе стане како автопатот Кичево-Охрид? 

- Сето тоа е супер, но размислете и за безбедни вело-паркинзи на постојките, за повеќе да се користи БРТ.

- Цела Гази Баба и исклучена од проектот? 70 илјади жители плус останатите села преку 100.000 граѓани немаат право на јавен транспорт ?

- Значи отиде дефинитивно драгоценото зеленило што е на булеварите? Едно од ретките во градов.

-Добро ајде, поефикасни и поеколошки автобуси тоа ќе е секогаш поубаво. Но пак ќе биде на истите улици, и пак ќе биде истиот метеж. Секако таму можеби немало автобуски до сега, али пак е гужва таму во секој случај (петка и седмица веќе постојат, да не спомнувам дека за двајца без тројца се прави линија од Бутел до Пинтија). Се дур не се направат посебни ленти за автобуси, или посебен систем за возови како на запад, пак ќе постои гужвава.  Градов нема капацитет за луѓето што се уселуваат ниту па за зградите што издава дозволи да се изградат.

- Ќе исечете цела зелена лента во средината на Партизанска?