Со 12-часовна забавна и едукативна програма, во Градски парк се одржа првото издание на фестивалот за миленици „Пет фест Скопје“

На летната сцена „Лепеза“ во стариот дел на Градскиот парк Скопје вчера се одржа првото издание на фестивалот за миленици „Пет фест Скопје“, со 12-часовна програма исполнета со забавни и едукативни содржини за деца и возрасни, како и за нивните миленици. Целта на настанот беше да се подигне јавната свест за чување миленик, љубовта кон животните и одговорното сопствеништво.

Во разговор за МИА организаторот на фестивалот, Илија Петковски, вели дека милениците имаат сè поважна улога во градењето на стабилноста и хармонијата во домот, бидејќи тие им овозможуваат на децата уште од најрана возраст да научат хириеархија, другарство, споделување, игра и секако подобрување на имунитетот.

„Пет фест Скопје“ оди во насока да не биде секогаш главна тема вдомувањето на милениците, туку реалното прикажување на сите аспекти од „пет сферата“, како што се одговорностите при чувањето, нивниот избор, како и поедноставувањето при чувањето на миленик.