Сметки за вода ќе може да се плаќаат и во понеделник

Шалтерите за наплата на вода во дирекцијата на ЈП „Водовод и канализација“ во понеделник ќе работат во две смени и тоа од 7:30 – 19 часот.

Како што известуваат од претпријатието, нема да работат наплатните пунктови во Сарај и Шуто Оризари, додека сите наплатни пунктови продолжуваат да работат со редовно работно време во вторник.

Од „Водовод и канализација ги потсетуваат грашаните дека сметките за вода можат да се платат и електронски, но и на апаратите за наплата поставени на неколку локации во градот и тоа во дирекцијата на претпријатието, во ГТЦ, во Капитол мол во корисничкиот центар на ЈП „Комунална хигиена“ и во Сити мол.