Дел од шалтерите за наплата на вода нема да работат во сабота и понеделник

ЈП Водовод и канализација – Скопје, во пресрет на новогодишните празници, ги известува корисниците дека на ден 31.12.2022 (сабота) и 02.01.2023 (понеделник), шалтерите за наплата во Дирекцијата на претпријатието и наплатните пунктови во Сарај и Шуто Оризари нема да работат.

Со редовни работни активности се продолжува во вторник, 03.01.2023.

Потсетуваат дека продолжуваат да работат во служба на граѓаните на град Скопје.

-Согласно вашите потреби контактирајте не на: 02/3073 010, kontakt@vodovod-skopje.com.mk и на фејсбук профилот. Информирајте се на веб сајтот и пристапете до сите електронски сервиси преку e.vodovod-skopje.com.mk или мобилната апликација достапна за Android и iOS, велат од претпријатието.