Скопски Водовод има нов директор

Од Град Скопје преку соопштение информираат дека на местото нов в.д. директор на ЈП Водовод и Канализација е назначен Виктор Панчевски.

- Панчевски доаѓа на позицијата како професионалец од јавното претпријатие Паркови и зеленила, со силна биографија кој значително може да придонесе во унапредување на работата на јавното претпријатие. Во наредниот период ЈП Водовод и Канализација, реализира сериозни проекти за кои неопходен е нов начин на менаџирање со претпријатието, велат од Град Скопје.